| четврток, 6 декември 2018 |

Архитектонски монструм – отворена најголемата зграда во светот (ФОТО+ВИДЕО)

bazen najgolema zgrada

Долга 500, широка 400 а висока 100 метри, со неверојатни 1,7 милиони квадратни метри. Голема колку 3  Пентагони, или 20 Сиднејски опери. И официјално, најголемата зграда „Њу сентури глобал центар“ пред неколку дена се отвори во центарот на градот Ченгду во југозападна Кина.

najgolema zgrada

Зградата се градеше скоро три години, а во неа има хотели, шопинг центри, кина, Медитеранско село, аквапарк, лизгалиште и се што човек може да посака за да се забавува. Во комплексот засега има и подземна железница за директен влез, а до 2020-та се планира и изградба на аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top