На твитер кружи едно ужасно забавно видео од прес-конференција на хрватските репрезентативци која е одржана пред десетина дена во Сочи, но се чини дека овој специфичен момент дури сега е откриен. Во видето се хрватските репрезентативци Ловрен и Врсаљко кои седат еден до друг на пресот, со вклучени микрофони пред себе.
Во позадина се слуша женски глас, можеби некоја новинарка која поставува прашање. Одеднаш двајцата почнуваат да гледат во еден правец и притоа се трудат да изгледаат што е можно поприродно.
Во тој момент, во видеото, за кое не може да се тврди дека е автентично, но навистина е многу смешно, се слуша Ловрен како вели: Таа таму десно, таа ме масираше вчера“.
Врсаљко притоа се обидува да остане сериозен, но не може да престане да гледа, се претпоставува во таа дама за која му говори Ловрен.
Се уште не се знае со сигурност дали ова видео е вистинско или монтирано, но во секој случај е урнебесно смешно.
heres a šejan thread we all deserve pic.twitter.com/3BWjcWFf5t
— ᴠɪɴᴄᴇɴᴛ ᴠᴀɴ ɢᴏɢʜ //🇭🇷 (@_miingii) July 16, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)