| четврток, 6 декември 2018 |

Богата филмска програма на „Скопско лето“

Вечерва, (16.07, понеделник), ќе се одржи проекција на филмот „За телото и душата“, со почеток во 21:00 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

ЗА ТЕЛОТО И ДУШАТА

ON BODY AND SOUL (2017), Унгарија

драма / траење: 116  минути

сценарио и режија: Илдико Енједи

улоги: Геза Моршани, Александра Борбели, Золтан Шнајдер,…

награди: „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, номинација за Оскар за најдобар странски филм, награда за најдобра актерка и 3 номинации за Европските филмски награди,…

Утре вечер, 17.07.2018, вторник, ќе се прикаже филмот „Откачени трудници“, со почеток во 21:00 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

ОТКАЧЕНИ ТРУДНИЦИ

BABY BUMP(S ) (2017), Франција

комедија  / траење: 94 минути

режија: Ноеми Салио

улоги: Жилиет Бинош, Камил Котин, Ламберт Вилсон,…

-Проекцијата на филмот „ЗАШТИТНИК“ („BLOOD FATHER) која требаше да се реализира вчера 15.07.2018, (недела) во 21 часор во Сули-ан, поради невреме и појава на дожд е префрлена за 22 јули (недела) в0 21 часот, информираат од Скопско лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top