| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)

Вчера беше одржан протестен марш во Кавадарци во организација на ВМРО – ДПМНЕ каде на улиците во градот голем број на жители достоинствено го искажаа својот револт и незадоволство за промената на уставното име и го кренаа својот глас против штетните политики на власта, Договорот со Грција и правецот во кој се води државата.

– Немаме друга алтернатива. Немаме избор и мора вака да биде. Ако погледнеме во минатото ќе видиме дека единствен избор е да веруваме во себе и во сопствените капацитети. И да сме свесни дека од нас самите зависи како ќе живееме. Мора да се бориме и да имаме визија. Мора ние самите да го направиме нашиот живот достоинствен. Знаеме како, ќе работиме секој ден макотрпно додека не ја реализираме нашата цел. Да ги направиме граѓаните на оваа земја горди и достоинствени граѓани на Република Македонија, со дигнати глави. Без разлика на нивната професија, етникум, образование, истакна претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното обраќање на протестот.

Во првиот ред на поворката Мицкоски беше придружуван и од поранешниот министер за транспорт и врски и актуелен потпретсдател на партијата, Владо Мисајловски кој во првите редови во Кавадарци отворено ја покажа својата решителност до последно да се бори против бришењето на македонскиот идентитет.

Со нив рамо до рамо беа и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев како и од членот на извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, Коце Трајановски и генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top