| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК: Јункер не беше пијан (ВИДЕО)

Претседателот ЕК, Жан Колод Јункер, имал „болен напад на ишијас“ на самитот на НАТО, соопшти портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас.

Тој ги отфрили како „повеќе од невкусни“ шпекулациите на медиумите дека Јункер бил пијан.

Коментарите кои ги предизвика видеоснимката на која Зарв и Порошенко го придржуваат Јукнер ја наведоа и германската влада да соопшти дека „има високо ниво на доверба“ во Јункер, кој ќе ја претставува ЕИ на трговските рпеговори во Кина, Јапонија и САД кој крајот на месецов.

„ВО средата вечерта имаше особено болен напад на ишијас проследен со грчеви“, рекол Шинаас, додавајќи дека Јункер им се заблагодарил за првата помош што му ја пружиле премиерите на Холандија и Португалија.

Шинас изјавил дека неделава јункер има збиена агенда, и дека следната недела ќе отпатува за Кина и Јапонија, како што било планирано. Кон крајот на месецот Јнкер ќе се обиде да го реши трговскиот спор со Белата куќа, пренесува Ројтерс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top