| четврток, 6 декември 2018 |

Како кани НАТО, а како лаже Зоран: Црна Гора стана 29 членка на НАТО, но Македонија е далеку од триесетта (ВИДЕО)

Има разлика од јазикот кои ги избра НАТО за да ѝ упати покана за членство на Црна Гора во декември 2015 година и оној со кој генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ѝ кажа на Македонија дека е добредојдена откако целосно ќе го имплементира Преспанскиот договор.

И не само што вокабуларот е инаков, инаква е процедурата за процедурата и одлуката за покана за членство според НАТО деловникот. Точката се става на дневен ред и потоа има формално изјаснување со консензус (ген.секретар констатира дека никој не приговорил), по што претставникот на поканетата земја и формално влегува и е дел од самитот, пред кој се обраќа. Потоа ген.секретар ги известува и формално земјите членки, кои почнуваат ратификации на поканата, а поканетата земја дотогаш учествува на сите состаноци на НАТО, без право на глас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top