Петмина кумановци вооружени со пиштоли ограбиле седуммина емигранти од Авганистан во близина на селото Лојане, Кумановско.
СВР Куманово поднесе кривична пријава за Т.М.(20), М.Т.(20), А.Д.(17), Д.Т.(17) и М.М.(16), сите од Куманово за сторено кривично дело „разбојништво“.
Пред четири дена, во близина на село Лојане, додека М.А.К.(33), државјанин на Авганистан, заедно со уште шест негови содржавјани се движеле пеш биле пресретнати од пријавените, при што испукале два до три истрели во воздух, а потоа со дрвен предмет физички го нападнале А.М.К., нанесувајќи му телесни повреди во пределот на главата и му одзеле 120 евра и мобилен телефон.
Истражен судија на Т.М. и М.Т. им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена, а на останатите пријавени мерка куќен притвор во траење од по 30 дена. Лицата Т.М. и М.М. се познати сторители на кривични дела „разбојништво“ и „затајување“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.