| четврток, 6 декември 2018 |

Испеа „До крајот“ и замина: Постхумно објавена песна и спот на прерано починатиот Влатко Илиевски

Музичкиот свет прерано го изгуби Влатко Илиевски. Вчера постхумно беше објавена негова нова песна со наслов „До крајот“.

Спотот бил снимен од „Фабрика продукција“, кои го објавија на нивниот профил на Фејсбук.

-Премиерно! Последната соработка со Влатко Илиевски. Почивај во мир друже – стои во објавата.

Влатко беше пронајден мртов во својот автомобил пред шест дена. Тој имаше 33 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top