Откако изминатиот викенд, кошаркарскиот свет го потресе веста за смртта на Тајлер Ханикет (28), кој според полицискиот извештај извршил самоубиство, уште еден кошаркар решил да се го одземе животот.
Станува збор за Били Најт (39), поранешен кошаркар на универзитетот УЦЛА и играч на неколку јапонски и екипи во НБДЛ лигата.
Најт извршил самоубиство, во неделата, во американскиот град Феникс. Претходно тој на социјалната мрежа „Јутјуб“, поставил видео, во кое говори за депресијата во која се наоѓал и ги моли луѓето кои ја имаат оваа болест да побараат медицинска помош за да не завршат како него.
Исткнал дека тоа е неговата последна порака и видеото го завршил со пораката:Моето време истече!
Веднаш по објавувањето на пораката тој извршил самоубиство. Полицијата безживотното телото на Најт, го пронашла во неговиот автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)