| четврток, 6 декември 2018 |

Силиконите одат во историјата!

Припадничката на сестринскиот клан Кардашијан/Џенер, популарната Кајли Џенер ги изненади своите обожаватели откривајќи дека целосно ги отстранила силиконите од усните.

Кајли, која својот изглед, со кој стекна планетарна слава, буквално го смени благодарение на естетските операции, а една од највпечатливите корекции кои ги направи беа усните кои ги зголеми на 16 години, што може да се каже дека станаа нејзин заштитен знак.

Сепак, американската ѕвезда по неколку години промовирање на ваков изглед се реши во потполност да ги отстрани силиконите.

Оваа промена предизвика воодушевување, па следбениците и пишуваа дека сега изгледа многу поубаво и поприродно, и оти оваа одлука е вистински избор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top