| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата на силиконите мора на операција: Тијана го намалува градите заради кичмата

Поранешната ѕвезда од реалните шоуа, Тијана Ѓуричиќ мака мачи со градите кои и ја оштетија кичмата, па мора да ги смалува. Тијана открива дека наскоро мора на операција бидејќи има сериозни проблеми со кичмениот столб.

-Во хаос сум, имам вградено шестка. Ја упропастив кичмата со вградување на силиконските гради. На операција на градите ќе одам пред новата година. Ќе ги намалам на половина, па оотприлика ќе имам тројка и мислам дека поубаво ќе изгледам- вели Тијана за медиумите.

Освен градите Тијана го смени имиџот па од бринета стана русокоса.

-Сите ме прашуваат дали е перика и не ми веруваат дека е моја коса, но верувајте ми, се бојосав- вели Тијана која се појавила со нова тетоважа на роза на раката, додека тетоважата на змејот на бутината ја има од 16 години.

-Змејот претставува четири елементи земја, ветер, оган и вода, а розата за мене има особено значење- мистериозно објаснува белградската старлета, која вели дека повеќе не се слушаат со нејзиниот пријател од реалното шоу, Кристијан Голубовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top