Основното јавно обвинителство Скопје засега останува на истото дело кое им се става на товар на осомничените лица за нападот на 21 годишниот Никола Саздовски, кој утринава им подлегна на тешките повреди на КАРИЛ.
Од Обвинителството велат дека во моментов делото за кое се сомничат приведените лица е „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик, став 3, а во врска со став 6 и став 1. Оттаму појаснуваат дека ваквата правна квалификација опфаќа нанесување на тешка повреда или смрт.
-Се работи се уште на случајот. Се прибираат докази и се преземаат низа дејствија. По завршување на сите дејствија ќе се решава за правната квалификација на делото, дали ќе остане истата или ќе се оди со потешко кривично дело – велат од скопското Обвинителство.
Никола на 29-ти минатиот месец беше крвнички претепан на автобуска постојка во скопска Автокоманда.
Од Министерството за внатрешни работи следниот ден информираа дека на 29-ти во времето од 17:30 до 17:40 часот на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје.
-По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, информираа тогаш од полицијата.
Во врска со нападот кривична пријава беше поднесена против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.
Б.Б.(20), С.Д.(21) беа лишени од слобода и одредена им беше мерка притвор.
Младиот Никола по нападот поради тешките повреди беше хоспитализиран на КАРИЛ, каде по 10 дена поминати во кома, утринава починал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Притвор за седуммина кои криумчареле артефакти
-
Алфа: ОЈО се премисли, нема вина кај Симоновски, советникот во МВР осомничен дека предупредувал за ПИ мерки
-
ОЈО Скопје: Телата на убиените предадени на обдукција, од „Рузвелтова“ подигнати 25 чаури и траги од крв
-
Обвинителство ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени