| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе го почекаме летото, следува нова дестабилизација на времето и дожд

Во текот на денешното понеделничко попладне времето во државава ќе биде сончево со умерена облачност додека веќе од доцните претпладневни часови облачноста ќе започне да се зголемува и атмосферата ќе се дестабилизира.

Од пладневните часови па натаму ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Најмногу врнежи ќе има во западните и локално во источната половина на државава каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог за кратко време.

Локално ќе има услови и за ретка појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет додека маскимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени додека посвежо ќе остане на западот од државава.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top