Слон кој бил дел од циркуска точка, паднал во публика во Германија. Снимката од претставата во Оснабрик покажува два слона како туркаат трет кон работ, па тој паѓа кон публиката. Се гледаат посетители кои на брзина стануваат од своите столчиња и бегаат.
Никој не бил посериозно повреден, освен еден човек кој добил исеченици на ногата.
Откако слонот Томптеусен станал, претставата продолжила.
Минатиот месец слоницата Кениа побегнала од истиот циркус Кроне, и неколку минути лутала по улиците пред да биде фатена.
Организацијата за заштита на животни “PETA” објавила дека ногата на Томптеусен била отечена и ги повикала властите да ги забранат дивите животни во циркусите.
Организацијата “Animal Defenders International” ги повикала владите ширум светот да стават крај на праксата на држење на диви животни во циркуси поради безбедноста на луѓето и за доброто на животните.
– Употребата на диви животни во циркус е рецепт за катастрофа, кој им штети и на луѓето и на животните – рекол претседателот на оваа организација, Јан Креамер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)