| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена тинејџерка бидејќи објавила снимка како танцува

Во Иран била уапсена 18-годишна тинејџерка, бидејќи на социјалната мрежа Инстаграм објавила како танцува и со тоа привлекла десетина илјади фанови.

Тинејџерката Маеде Хојабри е обвинета дека ги крши моралните норми, а таа по ослободувањето со кауција објавила дека немала намера да ги прекрши нормите, туку да привлече фанови на популарната социјална мрежа.

Таа на својот профил на Инстаграм објавила околу 300 видео снимки на кои изведува ирански традиционални, но и западни танци, а на снимките се појавува и без марама на глава, која е задолжителна за жените во таа муслиманска држава.

Иранската полиција соопштила дека планира да деактивира слични профили на Инстаграм, а како што се наведува, во Иран е веќе блокиран пристапот на социјални мрежи како Фејсбук, Твитер, ЈуТјуб и Телеграм.

Меѓутоа, многу Иранци и натаму ги користат тие социјални мрежи посредници и VPN провајдери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top