Силен дожд денеска паѓаше во Србија, во населените места Младеновац, Лјиг, Аранѓеловац, каде што е воведена вонредна состојба, јавуваат Танјуг и РТС.
Силно невреме следено со грмотевици, силен ветер и град околу полноќ ја зафати општината Аранѓеловац во која е воведена вонредна состојба.
Најмногу настрадал центарот на Аранѓеловац, бидејќи потоците и реката Кубршница поплави станбени и деловни објекти, а штетени се сообраќајници. Калта носела и патнички автомобили.
Од удар на грој во Букуља оштетени се антенските столбови, а во селото Колјар рошло до голем одрон. Поради големата количина вода наредните денови би можело да се случи ново свлечиште.
Комуналните екипи се на терен, ја проценуваат штетата и им помагаат на мештаните.
-Не беше толку силен дождот, но попушти браната во Горашим која ни направи голем проблем, не само во Качерскиот крај, туку и на целата територија на општината Љиг и ние сме сега на терен со пожарникарите и со нашите стручни служби, изјави претседателот на општината Драган Лазаревиќ за Гласот на западна Србија.
Додава дека во моментот најкритична е ситуацијата во Месната заедница Козелј, каде е невозможно да се стигне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)