Вечерва (06.07.2018), петок, ќе се одигра спектакуларната балетска претстава „Либертанго“, со почеток во 20:00 часот, во Салонот на Македонска опера и балет. Продукција: Балет на Македонската опера и балет, Музика: Астор Пијацола, Режија и либрето: Наташа Поплавска, Кореографија: Сабрина Боско (Италија), Сценографија и костимографија: Алексндар Ношпал, Асистент кореографи: Горан Божинов и Олга Панго, Репетитор: Билјана Пашариковска, Асистент на сценографија: Михајло Стојановски, Асистент на костимографија: Андреј Георгиевски.
Улоги: Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова, Висенте „Нонино“ Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија), Марија Нивес Рего: Марија Кичевска Шокаровска, Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски, Карменсита Калдертон: Наташа Јосифовска, Деде Вулф: Саша Евтимова, 3 гангстери и танго танчари: Ендру Кук, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Пјацола – дете: Марко Здравковски, Пјацола млад: Ендру Кук, Пјацола стар: Драган Кочоски, 3 шпански чинас жени: Билјана Басмаџиева, Христина Наќевска, Бојана Христовска, 3 аргентински лорас жени: Маја Митровска Богојевска, Мила Ниновска, Илијана Данилов, 6 аргентински танго танчарки: Ирена Макеларска, Ангела Велевска, Ангела Богатиновска, Симона Митовска, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска, Италијански емигрантски фамилии и Танго танчари: Маја Митровска Богојевска, Дафина Данилоска Кочевска, Марина Анастасовска, Александра Ѓореска, Славица Мишева, Габриела Павловска, Meдина Јусуфовиќ, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Агим Бафтии, Борјан Тетиев, Никола Орсо, Тодор Стојанов.
-„Либертанго” нè води низ приказна која ни го покажува создавњето и патот на тангото. Уличен танц кој го достигнува пиедесталот на светската танц сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето… Во почетокот на минатиот век во Аргетина често има прилив на емигранти од Европа, а најмногу од нив биле италијанци и шпанци. Аргентина е новата ветена земја, земја која им давала надеж на сиромашните италијани, емигранти кои во почетокот на дваесетиот век тргнале да бараат подобар живот. Оваа приказна ни го покажува патот на италијанската фамилија Пијацола. Висенте и Асунта, родителите на познатиот композитор Астор Пијацола, кои ја наоѓаат Аргентина за земја на нивната иднина, вели режисерката.
Билетите се во продажба на билетарата на Македонска опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.