Измените на законот за пратеници, по неколкумесечен статус кво, се ставени конечно на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем, како предлог на пратеничката група на СДСМ, со што се очекува за 33 отсто да се намали надоместокот за патни трошоци за пратениците од внатрешноста
Со овие измени надоместокот за патни трошоци се намалува за десет процентни поени. Така, наместо надоместок од 30 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар, пратениците сега ќе добиваат надомест во висина до 20 проценти.
Доколку тие изберат да закупат стан, тогаш ќе имаат право на надоместок за само четири патувања месечно од и до нивното место на живеење, за да може да контактираат со гласачите.
Проценките во парламентот се дека на овој начин значително ќе се намали одливот на средства од буџетот за намирување на патните трошоци на народните избраници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија
-
Граѓанин вербално ги нападна Стојаноски, Лазаревска и Тунтев, интервенираше полицијата (видео)
-
Пратениците ќе добијат уште една бенефиција: Пратеник што ќе изнајми стан во Скопје добива 400 евра