Ноел Мартин од Перт Австралија доживеала шок кога пишувајќи го своето име на Гугл открила дека нејзините фотографии биле искористени од страна на сајтови за возрасни и иако се работи за фото монтажа, сепак тоа и предизвикало непријатно и болно животно искуство.
Не се знае дали фотографиите биле „украдени“ од некој пријател на Фејсбук или пак сликите ги објавила јавно за да можат да ги видат и оние кои не се дел од листата пријатели, сепак крадецот со нив направил монтажа и ги искористил за насловна фотографија на филмови за возрасни.
Иако го пријавила случајот во полиција, од таму добила одговор дека е сама виновна за содржините кои ги објавува на социјалните мрежи. Дигиталното насилство е во пораст и се верува дека секој петти Австралијанец е жртва на овој тип насилство.
Ноел денес има 23 години и е дипломиран правник, но го споделила своето искуство за да предупреди други да не се соочат со сличен проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)