На место викано „Лагот“, во близина на Неготино, во водите на реката Вардар, вчера утрината било забележано човечко тело заглавено во гранки. Случајот бил пријавен во полиција околу 10.40 часот од минувач кој го забележал телото.
„Од страна на полициски службеници и Територијалната противпожарна единица Неготино веднаш биле преземени мерки, и по извршениот увид констатирано било дека се работи за женско тело во фаза на распаѓање, на возраст од околу 60-70 години по што истото по наредба на Јавен обвинител било предадено во Институт за судска медицина заради утврдување на идентитетот и причините за смртта“, велат од МВР.
Засега сеуште не е утврден идентитетот на женатата како ни тоа дали се работи за самубиство со давање, или пак, жената претходно била жртва на нечие насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун