Кадри како од некој крими трилер следеа по известувањето од Министерството за правда на Франција дека осуденикот Редоан Фаид (46) побегна од затвор „пред неколку минути“, додавајќи дека никој не е повреден и нема заложници.
-Вооружени луѓеслетаа со хеликоптер на теренот каде што се шетаат затворниците, додека затвореникот бил во просториите за посета на затворот, јужно од Париз, стои во целосното соопштение. Полицијата трага по затвореникот во бегство, а обвинителството отвори истрага.
Ова не е прв пат Фаид да побегне – во 2013 година, со помош на експлозија избегал од затвор, а бил уапсен шест недели подоцна во хотел.
Фаид е осуден на 25 години затвор, бидејќи во 2010 година убил млада полицајка за време на вооружен грабеж.
На социјалните мрежи се појави видео од спектакуларното бегство од францускиот затвор. Хеликоптерот подоцна е пронајден запален
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)