| четврток, 6 декември 2018 |

Рамковни кои седеле дома назначени за раководни инспектори во МВР

Шест припадници на немнозинските заедници од денеска се распоредени како виши и главни инспектори за борба против организиран и сериозен криминал во МВР, дознава „Нетпрес“.

Сите 6 се партиски активисти на ДУИ и досега никогаш не работеле на било кое место во јавната администрација. Трагедијата да е поголема е што Спасовски на овие лица им потпшал решенија за виши и главни инспектори но истовремено приправници, се вели во информацијата.

Како што дознава „Нетпрес“  овие незаконски решенија предизвикале потсмев, револт и разочараност кај сите припадници на Одделот за организиран криминал кои подолг период чекаат унапредување, но и кај оние кои аплицирале за работа во овој некогаш елитен оддел на полицијата за справување со најтешките форми на криминал.

Јавноста неодамна беше запознаена со промените во раководниот кадар на овој Оддел, направени по наредба на Зоран Заев со цел одмазда на секој кој во минатото работеше на случаи поврзани со функционери на СДСМ, пренесува „Нетпрес“.

За каква борба против висока корупција ќе се залага сега министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски согласно препраката на ЕУ, со кадар кој со години седел дома и земал плата? Дали како и во случајот со ЕСЗ станува збор за свесно намалување на капацитетите и на овој Оддел кој десетина години наназад во сите извештаи на ЕУ беше означен како носител на борбата против организираниот криминал и корупцијата во Македонија?Ниту една истрага на овој Оддел во кои беа применувани ПИ мерки не беше цел прислушуваните разговори.Со сите овие прашања и факти еден ден ќе мора да се соочи Спасовски, пренесува „Нетпрес“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top