| четврток, 6 декември 2018 |

Ако сакате кралска венчавка, пријавете се за Ѕвездите на Гранд: Стефан Живоиновиќ изненади со објава по свадбата!

Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ на 21 јуни ја официјализираа својата врска со раскошна прослава во Белград, која предизвика големо внимание на јавноста, па за него се уште се зборува. Инспириран од свадбата, Стефан Живоиновиќ на својот Инстаграм профил сподели објава од еден корисник на оваа социјална мрежа, која многу го насмеала.

-Ако сакате кралска венчавка, пријавате се за Ѕвездите на Гранд, Брена има уште два сина – се пошегувал овој корисник, алудирајќи на тоа дека Александра Пријовиќ кариерата ја започнала токму со вакво натпреварување, како и дека синовите на Брена, Стефан  и Виктор се уште се слободни.

Иако некои луѓе оваа објава ги изненади, тој со смајлиња нагласи дека овој статус исклучително ги насмеал, па не одолеал да го сподели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top