| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо одговори, СДСМ манипулира со груби лаги

vmro dpmneНаместо да одговорат на коректните и јасни прашања, што ВМРО-ДПМНЕ ги постави до Радмила Шекеринска, СДСМ одлучи да ја манипулира јавноста со груби лаги. За исто вакво тврдење господинот Тито Петковски доби тужба и ќе мора пред суд да ја докажува својата лага – реагира владејачката партија на соопштението од СДСМ, во кое се наведува дека во 2008 година премиерот Никола Груевски се согласил да се смени уставното име на државата.

 Во соопштението понатаму стои:

-Грубите измислици и лаги како напад врз ВМРО-ДПМНЕ, не се одговор на прашањето што ние и го поставивме на Радмила Шекеринска, а тоа е: каков е тој компромис, кој Грција би го прифатила, а нема да ги загрози националните и државни интереси на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top