| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува неофицијалното светско првенство во тенис

Денеска започнува неофицијалното светско првенство во тенис, Гренд-слем турнирот на Вимблдон. Главен фаворит е минатогодишен победник Роџер Федерер кој одбраната на титулата ќе ја започне во дуелот против Србинот, Душан Лајовиќ.

Минатогодишниот финалист Марин Чилиќ од Хрватска, кој годинава е трето рангиран ќе стартува со мечот против Јапонецот, Нишиока. Рафаел Надал кој по триумфот на Роланд Гарос направи пауза подготвувајќи се токму за Вимблдон, во улога на втор носител ќе стартува против Села од Израел.
Енди Мареј го откажа учеството.

Шампионката од минатата година Габрине Мугуруза од Шпанија, одбраната на титулата ќе за започне против домашната британска тенисерка Броади, додека Симона Халеп од Романија која триумфираше на гренд-слемот во Париз, ќе ја има улогата на топ фаворитка на Вимблдон, а во 1.коло за противничка ќе ја има Јапонката, Нара. Американката, Венус Вилијамс која лани беше финалистка годинава ја има улогата на деветта носителка за натпреварите на терените во Лондон ќе ги започне против Швеѓанката, Ларсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top