| четврток, 6 декември 2018 |

Божиновски потврди дека братучедот на Заев се вклучува во бизнисот со канабис (ВИДЕО)

Здружението на млади европски федералисти „ЏЕФ” и Здружението за канабис и зелени политики „Билка” одржаа панел дискусија на тема „Декриминализација на канабисот, сега”. Дел од присутните, го споредија правото на избор за купување цигари со немањето право да се консумира канабис во рекреативни цели.

Од Левица пак сметаат дека треба да се овозможи одгледување на одреден број на стебла во медицинска употреба, а поради позитивните бенефити, најголем непријател на легализацијата е фармацевтската индустрија. Освен фармацијата, велат отпор има и од конзервативните партии.

„Во Собранието, при гласање, погубно би било за демохристијанското гласачко тело  и конзервативните партии да прифатат едно вакво решение. Не очекува една голема битка“, вели Дамјан Божиносвки од Левица, кој потсети дека братучедот на Зоран заев, Трајче Заев, се вклучи во бизнисот со канабис.

Заев потврди, неговиот братучед ја купил оражнеријата „Мам“, Трајче ќе одгледува канабис

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top