Поп-пејачките Александра Јанева и Наташа Малинкова ја објавија својата прва соработка. Дуетот со наслов „Еуфорија“ е дело на авторот Столе Аврамов, а на аранжманот и продукцијата се потпишуваат заедно со Зоран Алексиќ.
-Нашиот летен сингл е карактеристичен заради тоа што е еден од ретките женски дуети на македонската сцена. Се надеваме дека направиме проект кој ќе им се допадне на сите наши поддржувачи, вели Наташа Малинкова.
За видео-записот се погрижи Pinestel продукција на Ѓорги Вацев и Пеце Здравковски.
-Еуфорија е нова доза македонска музика од мене и Наташа. Драго ми е што заедничката желба да придонесеме повеќе кон домашната музика ја преточивме во забавен проект, дополнува Александра Јанева.
-Еуфорија е нова доза македонска музика од мене и Наташа. Драго ми е што заедничката желба да придонесеме повеќе кон домашната музика ја преточивме во забавен проект, дополнува Александра Јанева.
Во видеото, двете русокоси поп-пејачки пеат, танцуваат и се забавуваат заедно со своите бендови со кои интензивно настапуваат низ цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.