| четврток, 6 декември 2018 |

Џастин Бибер снима нов дует со Крис Браун

Џастин Бибер, 20-годишниот тинејџер, снима во студио со аренби-ѕвездата Крис Браун. За да ги израдува своите обожаватели, тој објавил заедничка слика на „Инстаграм“.

Крис Браун и Џастин Бибер

Крис Браун и Џастин Бибер

Сѐ уште нема никакви детали за песната. Изгледа тоа ќе биде изненадување за слушателите на двајцата музичари, кои очигледно не можат да ја сокријат возбудата од заедничкиот проект.

Џастин Бибер и Крис Браун

Џастин Бибер и Крис Браун

Двете „лоши момчиња“ соработувале  и порано. Во 2011 година  двајцата го пуштија синглот „Next To You“, кој се појави на албумот на Крис Браун „Fame“. Ова е прва песна која раперот ја снимил откако излезе од затвор, каде што одлежа 108 дена зад решетки поради нарушување на условната казна по нападот на Ријана во 2009 година.

Кариерата на Бибер, исто така, е во застој откако момчето ги разочара многу од своите обожаватели со возење во пијана состојба и расистички реплики поради кои беше принуден да ѝ се извини на публиката.

jelena-chrianna

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top