| четврток, 6 декември 2018 |

Мирен протест против Договорот за името пред Собранието

Група граѓани и вечерва мирно протестираа пред Собранието на Република Македонија против Договорот со Грција за решавање на спорот со името.
Учесниците на протестот повикаа на одбрана на уставното име и истакнаа дека Договорот е против македонските државни интереси.
Договорот е штетен и спротивен на Уставот и затоа треба да биде отфрлен, а најавениот референдум треба да се бојкотира, порачаа граѓаните од импровизираната бина поставена на крстосницата од улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top