| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово: Македонските топоними- сменети

patokaz_dvojazicenБањиче во Баниште, Фалише во Фалиш, Попова Шапка во Кодра е Диелит, што во превод од албански значи Сончева Долина. Македонските вековни топоними на месности, туристички центри, села, постепено се преименуваат, јавува Телма телевизија.

Локалната, но и државната власт без никаква законска процедура и основа ги поставуваат променетите имиња како патокази по градските булевари, покрај aвтопатот Скопје – Тетово на лични карти. Граѓаните реагираат на ваквите самоволни постапки за кои не се прашува народот, ниту пак за нив се расправало на седниците на тетовскиот Совет, известува Телма од Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top