| четврток, 6 декември 2018 |

СП 2018: Сопругата на Даглас Коста го обвини селекторот за повредата на нејзиниот маж

Сопругата на напаѓачот на бразилската репрезентација, Даглас Коста, Луиза Рамос, изјави дека за повредата на нејзиниот сопруг виновен е селекторот Тите.

Таа го обвини Тите за интензивните тренинзи кои ги преферирал за време на Мундијалот.

– Тој се пожали на болка по тренинг и рече дека се е полесно во Јувентус. Знаеме дека неговата повреда не е толку страшна како и претходната, и се надеваме дека тој ќе се врати на теренот за десетина дена, изјави Луиза.

Претходно беше објавено дека 27-годишниот напаѓач ќе пропушти 15-20 дена поради оштетување на бутниот мускул на десната нога.

Според прелиминарните податоци, Коста ќе може да се врати во составот на Бразил само доколку неговата репрезентација избори полуфинале или во финале.

Бразил по два круга од групната фаза има четири поени. Утре „кариоките“ ќе се сретнат со Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top