Памплона, главниот град на шпанската автономна област Навара, почна да го чествува Свети Фермин, чија главна атракција е трката со бикови низ улиците
Таа ќе се оддржи утре претпладне, а низ градот се организираат концерти, улични дефилеа, борби со бикови, но и бањање со сангрија. Памплона очекува околу еден милион гости.
Прославата доцнеше дваесетина минути бидејќи непознати лица истакнаа огромно баскиско знаме пред седиштето на градската управа во Памплона, кое ги засени знамињата на ЕУ, Шпанија и Навара. Полицијата за брзо време го отстрани знамето, по што чествувањато на Св. Фермин започна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.