| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионски танц на Бартоли на Вимблдон

Марион Бартоли е нова шампионка на Вимблдон, што на француската тенисерка и е најголем успех во  кариерата. Во големото финале 15. носителка неочекувано лесно ја надигра Сабине Лисицки со 6-1, 6-4 и во вториот меч за титулата на терените на „Ол-Ингланд“ клубот, стаса до сефте титула на гранслем турнирите. Германката на патот до финалето ги елиминираше фаворитките Серена Вилијамс и Агњешка Радванска, но во битката за трофејот немаше сили против расположената Французинка.

Wimbledon Championships

Бартоли одигра многу лесно и уверливо и  ја декласира противничката, која не беше на очекуваното ниво. Лисицки го покажа репертоарот само во средината на вториот сет, кога од негатива од 1-5, намали на 4-5 во гемови, но немаше сили за комплетен пресврт.
Wimbledon Championships
Французинката беше присебна кога беше најпотребно, ја доби решавачката игра на свој сервис без загубен поен и почна со прославата на најголемиот успех. Претходно со идентичен резултат, Бартоли го загуби финалето во 2007 година од Венус Вилијамс.
Wimbledon Championships
Ниту во најлудиот сон не помислував дека еден ден ќе триумфирам на Вимблдон. Горд сум на оваа победа, како и на фактот дека својот најдобар сервис го сочував за крајот“ – изјави Бартоли, која вообичаено во кариерата има големи проблеми со сервисот, но овојпат со ас го завери првиот трофеј на Вимблдон.
Утре се игра машкото финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top