Ништо не може да ја замени возбудата што ја предизвикуваат моторите кај премиерот Зоран Заев, па ни потпишувањето на договорот со Грција. На интересното прашање на новинарката, кога е поголем адреналинот кај премиерот кога го потпиша договорот или кога го вози моторот, Заев раскажа романтична приказна за својата цврста врска со моторот и кацигата.
-Уф, ништо не го заменува моторот! Јас бев многу среќен кога го потпишував договорот, како што сум среќен кога го возам моторот. Кога го возам моторот, јас сум сам со себе. Јас сакам секој час да го поминам со своето семејство, со децата, со сопругата и слично, ама живеам со мајка ми и со татко ми. И тука кога сум дома, некој се јавил, имам замолници, ургенции…
За час новинарката го прекина премиерот кај ургенциите, а тој ѝ се доверу дека често се јавуваат кај премиерот за ургенции, но тоа е резултат на неговата отвореност и желба да помогне, па го продолжи разговорот за моторот.
-На крајот, моторот е прибежиште. Веројатно ѝ правам проблем на полицијата, но се извинувам, внимателен сум, почитувам… И тогаш сум сам со својата кацига, буквално сам на моторот кога возам дали е тоа по планините или оној по улиците. Тоа ми е хоби, кога сум на моторот, тие неколку часа, ги полнам моите батерии. Обично тоа го правам во недела, а во понеделник се чувствувам како нов, како рехабилитиран, за да можам со жар, со енергија, со сила да продолжам, заврши премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)