| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска: Тоа на улица не е народ, тоа се платеници под психоза (ВИДЕО)

Министерката за одбрана на Република Македонија и вицепремиерка во владата на Заев, Радмила Шекеринска, го повтори ставот на Владата дека народот кој го претставува всушност не е народ. Препотентно, коментирајќи го синоќешното насилство на полицијата врз народот кој протестираше пред Собранието на Република Македонија против Договорот од Преспа, Шекеринска го омаловажи народот нарекувајќи ги луѓето пред Собранието платеници под психоза.

-Сиве овие денови живееме под нивната психоза, дека чудо треба да се случи, дека народот е на улица. Но, народот не е на улица. На улица се повторно платени луѓе, кои, замислете, ги земаат парите и земаат сатисфакција во тоа што напаѓаат полиција, рече Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top