Неколку стотини граѓани органзирани на социјалните групи вечерва се собраа пред Собранието на Република Македонија да го искажат револтот за потпишувањето на Договорот во Преспа и да побараат зачувување на уставното име на Република Македонија. Пред Собранието на Република Македонија веќе трет ден се одржуваат протести против потпишување на договорот со кој Заев и Ципрас договориле промена на државното име на Република Македонија.
Учесниците на протестот бараат повлекување на договорот со Грција, оставка од Владата и да не се одржи референдум за името.
Демонстратите поставија и барикади со кои целосно е блокиран протокот на возила во двата правци. И покрај обидите на полицијата да ги растргне, демонстратите останале со цврста намера да не се повлекуваат. Тие повикаа што повеќе луѓе да излезат на барикадите и да им дадат поддршка во борбата која ги засега сите граѓани на земјата. Во текот на вечерта дојде до инцидент предизвикан од уфрлени провокатори. Партиската полиција на Оливер Спасовски жестоко одговори и со шок-бомби, солзавец удри по својот народ.
Демократијата што ја практикуваат Заев и Спасовски повторно е на виделина. Вечерва велепредавството хунтата го бранеше со жесток напад на својот народ.
Фото Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)