Најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ повика на протестен марш во Битола, утре во 13.30 часот, каде свое обраќање ќе има и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека протестите ќе започнат пред спортската сала во Битола, преку Широк Сокак до Домот на културата, пред плоштадот „Гоце Делчев“.
Протестите ќе се одржат на денот на потпишувањето на договорот со Грција, што ќе се случува во Преспа од грчка страна, по што ќе следат средби и ручек на македонска територија. Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата