| четврток, 6 декември 2018 |

Децата беа легнати на стомак и сретнавме маж со пушка: Сведок од Смилковско Eзеро се онесвести!

Ахмет Бекир еден од рибарите-сведоци на масакрот крај Смилковско Езеро денес пред судскиот совет во Скопје изјави дека критичниот ден на езерото околу 17.30 часот ги забележал четирите момчиња, кои подоцна беа убиени.

Тој нагласи дека дента ги видел прв пат, а крај езерото дошле со возило во бела боја.

-Вечерта сите со мотоцикл тргнавме да си одиме дома. Слушнав еден истрел, а потоа ги видов децата легнати на стомак на земја крај езерото. После тоа сретнавме маж со автоматска пушка кој ни рече да бегаме од тоа место оти ќе не убие – рече Бекири.

На сведокот му се слоши, поради што судењето е прекинато, а тој беше пренесен со возило на Итна помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top