| четврток, 6 декември 2018 |

Мицковски: Заев е неодговорен политичар

Ivor-Mickovski-int91-3

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека во прислушуваните разговори не постои доказ кој покажува кој го извршил убиството на Смилковското езеро, но постојат сомнежи дека власта е вмешана. Сепак, признава тој, ема конкретни докази за вмешаност на високи преставници од власта. Тој така си мисли, врз основа на она што го слушнал, ама докази нема.

– Немам конкретни докази, но мислам дека се вмешани врз основа на тоа што слушнав. Исто така, мислам дека се вмешани и во нападот во Куманово, каде беа убиени наши полицајци, вели Заев.

На ова реагира неговиот сопартиец,  некогаш активен во партијата, Ивор Мицковски. Тој смета дека ваквата изјава го прави Заев неодговорен политичар, кој во ноќните часови слушал секакви разговори.

Ма својот фејсбук профил тој напиша:

Кога Пазолини рекол: Јас знам, но немам докази – тоа го направил како самосвесен интелектуалец кој сака да скандализира, кој се потпира само на својата мисла и само тој лично ризикува.
Кога Заев како политичар и претендент за премиер ќе изјави: За Смилковско и Куманово има сомнежи,но нема докази – тоа го прави како неоговорен политичар, кој во доцните часови си слушал секакви и за секого снимки, и сега без докази провоцира состојби кај жртвите, односно кај сите оние кои нешто ризикуваат, освен тој самиот.
– Немам конкретни докази, но мислам дека се вмешани врз основа на тоа што слушнав, изјавува Заев.
Ова е неодговорна шпекулација од страна на политичар кој зборува за независно судство и правна држава.
Еден политичар би требало многу попрецизно да ги употребува зборовите, но кај нас, на некои им се дозволени секакви ексцеси и глупости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top