| четврток, 6 декември 2018 |

Љубчо Георгиевски за случајот „Смилковско езеро“: СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски побара информации за мотивите за пресвртницата во „Монструм“ за враќање на случајот во судска постапка, додавајќи оти вака се остава впечаток дека СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот.

По неочекуваниот расплет во случајот „Монструм“ јавноста ќе мора во брзо време да добие јасна информација што се мотивите,аргументите за ваква пресвртница. Во спротивно ќе остане впечатокот дека СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот, напиша Георгиевски на Фејсбук.

Укинување на првостепената и второстепената пресуда и враќање на предметот „Монструм“ на повторно одлучување побара јавната обвинителка Лилјана Спасовска на јавната седница на која се разгледуваа жалбите за доживотните затворски казни, кои на осудените им ги изрече Основниот суд, а ги потврди и Апелацискиот суд.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор се осудени Алил Демири, Африм и Аѓим Исмаиловиќ и Езим и Хаќи Азири и Самил Љута. Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top