| четврток, 6 декември 2018 |

Пи-арот на Владата се засилува со Жарко Трајановски и Петрит Сарачини

Граѓанскиот активист Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани во Пи – ар службата на Владата, за „Плусинфо“ потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Трајаноски на јавноста и е познат како граѓански активист и учесник во Шарената револуција, а Сарачини беше дел од кабинетот на екс- министерот за култура Роберт Алаѓозовски. По оставката на министерот од кабинетот замина и Сарачини, но за кусо време тој повторно е ангажиран да работи за Владата.

– Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани за извршување професионални задачи за потребите на Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ. Жарко Трајаноски е ангажиран за истражувања и анализи, а Петрит Сарачини за медиумски мониторинг, во согласност со нивните професионални компетенции. Нивните ангажмани се регулирани со договор на дело, потврдил Бошњаковски за „Плусинфо“.

Од Владата нема одговор колкави се примањата на Трајаноски и Сарачини.

 

извор: plusinfo.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top