Во организација на Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија и Организацијата за индустриски развој на Обединетите
(УНИДО), денеска во просториите на Министерството за економија ќе се одржи првата работилница на проектот „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во туристичка индустрија во Македонија“.
Се работи за проект кој е обезбеден преку Словенскиот билатерален проект за техничка помош од каде се одобрени 200.000 евра за период од 2 години, средства кои ќе ги менаџира УНИДО организацијата, заради законските можности и прописи кои се обврзувачки за Словенската влада.
Работилницата, на која ќе присуствува и министерот за економија Ваљон Сарачини, ќе претставува можност за проектниот тим да го претстави проектниот пристап, планот за имплементација на проектот и деталите околу идните активности, со цел подобрување на конкурентноста и подобрување на пристапот до пазарот на кластерите во туристичкиот сектор во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Даниел Жонса предавач на „Google News Lab“ гостува на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје
-
Пи-арот на Владата се засилува со Жарко Трајановски и Петрит Сарачини
-
ХАЕ огранизира работилница: Отекувам, но не се повлекувам – цртам!“
-
Работилница за декупаж – креативна техника за создавање на уникатни предмети