| четврток, 6 декември 2018 |

Промената на името, јазикот и нацијата е велепредавство, а не е лидерство

Да нема македонски јазик и македонски идентитет. Да се изврши промена на Уставот за да се смени уставното име на Репубика Македонија во Северна, Грона, Вардарска или каква било Македонија. Прашање на денови, а можеби и на часови е кога Зоран Заев ќе ја свитка кичмата на Македонецот и ќе ги профати безусловно условите што ги поставува грчката страна.
Но, великодшноста на Заев не е она што ѝ е потребно ниту на Грција.
Во Грција во моментов има силна неусогласеност на ставовите на власта и опозицијата. Нова демократија силно се противи на текот на преговорите што ги водат премиерите на двете земји, Зоран Заев од македонска страна и Алексис Ципрас од грчка, па оттука, доколку се постигне договор кој ќе биде ратификуван во македонското собрание, неизвесно е дека тој ќе помине во грчкото.
Договорот што ќе произлезе од преговорите што се водат на високо државно ниво, меѓу претседателите на владите на Република Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, треба да биде конечен деновиве, а потоа, како што е предвидено, да се стави на гласање во Собранието на Република Македонија. Референдум за ова прашање е предвидено, пак, да се одржи во сепрември или октомври.
Што и да потпишат Заев и Ципрас, каков и да биде исходот на преговорите, сѐ поизвесно е дека грчкиот парламент нема да го ратификува договорот, затоа што грчката опозиција на чело со Нова демократија силно се противи на решенијата кои се сега во игра.
Ако Грција не го ратификува договорот, ќе се вратиме на ситуацијата од пред 25 години со провремената референца – Грција на чело со Нова демократија, која би дошла на власт по парламентарните избори во Грција во мај, ќе го заобиколи договорот и ќе ги блокира евроатлантските процеси на Република Македонија. Со други зборови – ќе го искористи рпавото на вето за прием на Република Македонија во Евроспската унија и во НАТО.
Република Македонија ќе стане полноправна членка на евроското семејство и на Северно-атпалтскиот сојуз откако ќе ги исполни очекувањата на Нова демократија – откако ќе прифатиме промена на Уставот и на уставното име од Република Македонија во Северна, Вардарска, Горна или која и да било Македонија, да бидат избришани македонскиот јазик и националноста.
Преговорите за решавање на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција за нашето уставно име нема да го решат проблемот и да ги одблокираат евроинтеграциските процеси на земјата.
Единствено што ќе остане после сѐ не е решение туку должноста на народот да му суди на предавникот Зоран Заев за велепредавство. Мрачни ликови од калибарот на Зоран Заев ѝ се познати на историјата. Нивните имиња се запишани во графата велепредавник, а на нивните дела им судел судот на народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top