Викендов во базен-дискотека „Егзит“ во Валандово почнува „Изборот за мис на Македонија 2013“, чија победничка ќе нѐ претставува на „Мис глоуб 2013“ („Miss Globe 2013“).
В сабота вечер пред валандовчани ќе се претстават 12 полуфиналистки избрани на кастингот кој вчера се одржа во модното студио „Црнокрак“. Следниот викенд продолжува турнејата по сите поголеми градови низ државата со полуфиналните настапи, а најдобрите ќе се пласираат во големото финале кое ќе се одржи во вторта половина на август.
Победничката ќе ја претставува Македонија на „Мис глоуб 2013“, кој ќе се одржи во октомври, а придружничките на други интернационални избори за кои модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.
Минатогодишната победничка Сандра Стефановска успешно ја претстави Македонија на „Мис глоуб 2012“ и се пласира меѓу шесте најјубави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.