| четврток, 6 декември 2018 |

Тетекс нема на што да се жали, голот на Пјуник е регуларен (видео)

Тетекс нема причини да се жали бидејќи водечкиот гол на Пјуник е регуларен. Ајвазјан не беше во офсајд позиција, што добро се гледа од снимката на спортскиот портал „Спортефе“. Драган Начевски се заборави на позицијата лев бек, не се извлече навреме, што го прави погодокот на Пјуник регуларен. За среќа на Тетекс, Генц Исени беше присебен во 90. минута и израмни на 1-1. Реваншот од првата квалификациска рунда во  Лигата на Европа ќе се игра во Ереван на 11 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top