| четврток, 6 декември 2018 |

Медитеранот може да се прeтвори во „Море на пластиката“

Постои опасност Средоземното Море да се претвори во „море на пластиката“, предупреди Светскиот фонд за дивиот свет (ВВФ), предлагајќи при тоа серија мерки за отстранување на пластичните маси од водите на Медитеранот.

Според податоците на Фондот, во Средозменото Море има рекорно ниво на микропластика – честички на пластичната маса помали од пет милиметри, кои го трујат целиот синџир на исхрана и го загрозуваат човековото здравје.

ВВФ нагласува дека концентрацијата на пластични маси во Медитеранот сега е за четирипати поголема отколку во оеканите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top