Пластичната елка која ја внесувате во вашите домови со цел да внесете новогоришна еуфорија и празнично расположение , може да ви донесе и пакет негативни последици по вашето здравје.
Имено, лекарите предупредуваат дека ПВЦ смесата од која е направена елката можеби е огноотпорна, но во неа може да се најдат метали како олово, калај и бариум.
Иако најголем дел од луѓето кои донесуваат одлука да стават вештачка елка во домовите тоа го прават од причина да се заштитат од алергии и да скратат на трошоци , но и на секојдневно чистење кое го предизвикува природната елка, сепак лекарите препорачуваат да го избегнуваат овој избор бидејќи може да содржи и извесно количество на олово како што беше случај во 2004 година.
Синтетичката пластика која се користи како основа за да се направи елката- ПВЦ(поливинил хлорид ), според лекарите од ланецот клиники American Family Care , испушта испарливи органски соединенија кои може да предизвикаат иритација на слузокожата окото, носот или белите дробови.
Според некои нивни истражувања , ПВЦ содржи и фталати- испарливи течности кои се додаваат во пластичните полимери за зголемување на нивната мобилност. Тие дури може да ја пореметат хормоналната рамнотежа во организмот, па затоа и ЕУ ја забрани употребата на фталати во правење на детски играчки.
Според доктор Бруз Ланпеар од Универзитетот Сајмон Фрејз , постојат повеќе типови фталати, а некои од нив го имитираат делувањето на женскиор хормон естроген.
Производите од синтетичка пластика, вклучувајќи ја и новогодишната елка, испуштаат помалку штетни хемикалии откако ќе се изнесат надвор, на свеж воздух.
Колку подолго се проветрува вашата елка на свеж воздух, толку подобро, советуваат лекарите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илјадници верници се собраа во Витлеем: Светна божикната елка во родното место на Исус
-
Елката на Рокфелер со ѕвезда од 3 милиони „swarovski“ кристали светна во Њујорк
-
Ќе ви донесе куп среќа: Во пресрет на празниците, не е сеедно каде ја поставувате елката!
-
Од пластиката не се гледа најубавото море на светот