Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и натаму ќе ја финансира Грција, изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле за грчкото радио „Скај“ за време на посетата на Атина.
– Не станува збор за повлекување на Фондот, се слушаат многу верзии, се бараат претпоставки, се зборуваат најразлични работи, а потоа се утврдува дека нештата се поинакви. Оваа нервоза, оваа хистерија е голем проблем. Само со мир и со надеж можат да се привлечат инвестиции, а инвестициите се неопходни за создавањето нови работни места – додава Вестервеле.
Германскиот шеф на дипломатијата категорично ја исклучи веројатноста за ново „потстрижување“ на грчкиот долг истакнувајќи дека на луѓето не треба да им се создаваат грижи со таквите приказни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.