| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Кинкел официјално во Челси

Марко ван Гинкел, ги засили редовите на Челси,објави официјалниот портал на клубот

van-ginkel

Дваесетгодишниот фудбалер, кој претходно го носеше дресот на Витесе, веќе пристигнал на „Стемфорд бриџ“, а, по вообичаените формалности, се очекува официјално да стави потпис на договор со тимот на Жозе Мурињо.

Според информациите во англискиот печат, Роман Абрамович за трансферот на Холанѓанецот ќе мора да плати 10,5 милиони евра.

Ван Гинкел неодамна беше прогласен за холандски талент на годината. Играчот за врска, кој потекнува од фудбалското училиште на Витесе, сениорската кариера ја почна во 2010 година и на 98 натпревари одиграни досега постигнал 18 погодоци.

Минатата сезона во рамките на Ередивизијата запишал осум гола, а неговиот Витесе натпреварувањето го заврши на четвртото место во лигата.

Марко ван Гинкел минатата година дебитираше во дресот на „Орање“, на пријателската пресметка со Германија, која заврши без победник и без погодоци, 0:0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top