Во текот на денешниот понеделнички ден времето во државава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерен алокална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен и од западен правец, стои во временската на Славчо Поповски.
Попладне и навечер претежно во северните и североисточните предели а подоцна и во источните предели ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Нестабилноста ќе има правец на движење ( север – североисток – исток – југоисток)
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


